Османи: За уставните измени недостигаат околу осум пратеници

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека е добро што во Собранието почна расправа за уставните измени и што фокусот е ставен на содржината на овие измени. Според него, некоректно е оваа важна тема да се киднапира поради партиските агенди на политичките партии.

– Не гледам реакција од јавноста, од граѓаните, од експертиските групи за содржината на уставните измени. Ако имаше проблем со уставните измени, досега ќе вриеше од прес-конференции, ставови на различни експертски групи и невладини организации дека има нешто проблематично во уставните измени. Најважно е да се вратиме на содржината на измените и да видиме дали има нешто проблематично, рече Османи на денешната прес-конференција.

Според Османи, недостигаат околу осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на уставните измени.

Во однос на барањата на опозицијата, Османи рече дека ДУИ е подготвена веднаш да потпише дека ќе излезе од Владата доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.

– Сите нивни барања ги прифативме. Бараа ДУИ да излезе од Владата. Ставот на ДУИ е јасен, одлуката ќе се активира дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа. Дури може сега да ја потпишеме со одложено дејство и таа да влезе во сила дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени