Милан дефинитивно реши да се врати на врвот во Серија А.
За такво нешто им треба силен играчки кадар и на тоа се работеше цело лето.
Досега донесоа 7 засилувања и потрошија 100 милиони евра. Одамна не се случило Росонерите да бидат вака активни на трансфер пазарот.
Последно во низата засилувања е од Виљареал.
Станува збор за нигерискиот напаѓач Самуел Чуквуезе.
Чуквуезе потпиша договор на 5 години, а Милан преку бонуси за него плати 20 милиони + 8 милиони.
Чуквуезе беше брилијантен претходната сезона и беше најзаслужен за ефикасната игра на Виљареал. Минатата сезона постигна 13 гола и запиша 11 асистенции.