Претставник на воена полиција соопшти дека експлозија во зградата на парламентот во Камбоџа ја предизвикале пиротехничари, додека ја онеспособувале експлозивната направа.
Според неговите зборови, пиротехничарите одлучиле на лице место да ја уништат експлозивната направа од рачна изработка, кој што е откриена во зградата на Народното Собрание, бидејќи нејзиниот транспорт би можел да биде опасен.
За среќа како што пренесуваат агенциите, во експлозијата нема жртви.
Анонимно лице соопшти дека утрово во Паркот слобода, кој што се наоѓа во близина на Собранието, биле пронајдени три гранати, кои што ги пренеле на безбедно место и ги уништиле.
Властите овие инциденти не ги сметаат за терористички напади, ниту пак ги поврзуваат со митингот на опозиција, кој што треба да се одржи.
Елена Георгиевска