Селими брои: Курти во интервју најмногу пати изговара Вучиќ, Совет на Европа нула пати

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими изброја колку пати косовскиот премиер Албин Курти го споменал Вучиќ за време на интервјуто.

Од 4.000 зборови што ги кажа косовскиот премиер за време на интервјуто, Вучиќ е спомнат 21 пат, тврди Селими.

„Косовскиот премиер Курти во интервју од 4.000 зборови за хрватскиот Вечерњи лист споменува: 21 пат Вучиќ, 18 пати Белград, четири пати НАТО, четири пати економија, двапати ЕУ, двапати САД, еднаш инвестиции, нула пати Совет на Европа“, напиша Селими на Твитер.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов