Меџити: Од Владата побаравме нови 22 возила за Итната медицинска помош

Од:

Министерството за здравство доставило барање до Владата на РСМ за набавка на нови 22 возила за потребите на Итната медицинска помош, што се планира да бидат распределени во целата држава со цел да се обезбеди уште поефикасна здравствена заштита за пациентите.

Ова го соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити при денешната посета на службата за Итна медицинска помош во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, каде беше информиран за нејзината работа која е со зголемен обем поради високите температури кои ја зафатија земјава.

-Меџити разговараше со здравствените работици кои се дел од оваа служба и кои се во прва линија кога станува збор за итни случаи на кои им е потребна здравствена заштита, интересирајќи се за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно на терен, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Во текот на средбата Меџити посочи дека службата за Итна медицинска помош игра клучна улога во обезбедувањето на навремена и соодветна здравствена заштита за пациентите и дека токму затоа Министерството за здравство работи на унапредување на нејзините капацитети.

Информацијата за набавката на нови возила за потребите на Итната медицинска помош, како што се додава во соопштението, беше поздравена од здравствените работници во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, кои го информираа министерот дека најавената иницијатива за набавка на нови возила ќе биде од големо значење во насока на унапредување на нивната работа.

Би можело да ве интересира

Собраниска расправа за разрешување на министерот за здравство

Џафери за разрешувањето на Меџити и Алиу: Законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

A1on

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Меџити: Легитимен претседател на АА е Таравари, ја имаме поддршката од 83 делегати на Собранието

Катерина Ѓуровски

Меџити ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица

Меџити нема намера да даде оставка: Собранието и пратениците одлучуваат кој ќе биде министер

Александар Тодески