Генерал Мими: Не е точно дека сум земала илјадници евра за вработувањата

Од:

Генерал Мими, изманичката која според полицијата излажала 12 граѓани ветувајќи вработувања и тендери за набавки за американската база Бондстил на Косово денеска даде исказ во судница. Иако првично полицијата ја товареше за тешка измама од речиси десет илјади евра, обвинителството утврдило дека оштетата за измамата чини 6.000 евра а измамени се пет лица.

Генерал Мими се бранела дека не се точни наодите на МВР дека за посредување за вработувањата барала илјадници евра. За услугата земала од 100 до 200 евра а тие кои немало да ги вработи тврди дека им ги враќала парите.

Полицијата пред речиси два месеца ја уапси 34-годишната скопјанка позната како Генерал Мими, а за нејзините измами бил запознаен и врвот на НАТО кој според МВР,побарал да се покрне истрага за лажните ветувања на скопјанката за вработувања во базата Бондстил на Косово.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби