Десница: „Не“ за насилна промена на Уставот

Од:

И со денешните десет гласови „за“ и седум „против“ на Собраниската Комисија за уставни прашања која го изгласа натамошното разгледување на предлогот за уставни измени, власта по кој знае кој пат покажува сила и непочитување на мислењето и ставот на мнозинството на македонски граѓани кои се против ваквите уставни измени велат од Десница.

– Овој собраниски состав нема мандат од граѓаните за промена на Уставот, па затоа на Македонија итно и се потребни предвремени парламентарни избори каде партиите во своите изборни програми треба да стават дали, кога, во кој дел и зошто би го менувале Уставот. Со уставните измени, кои сега се туркаат насилно, само ќе се отворат нови прашања, а досегашните проблеми ќе се продлабочат. Во ЕУ не влегуваме поради неуспешните и несериозни владини политики и ,,битки“ со криминал и корупција, а не поради барањата на Бугарија. Десница смета дека членството во ЕУ е во интерес на Македонија, но не по цена на туѓи интереси и уцени, а на наша штета. А прашање е и дали ЕУ сака Македонија да стане дел од нејзиното семејство. Десница, и покрај тоа што не е дел од Собранието, останува категорично против било какво менување на Уставот на Македонија во насока на нанесување огромна штета на македонските граѓани, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

ДПА: Десничарската опозиција слави победа на изборите во Македонија

Десница: Заедничките служби на Владата на Македонија да му подарат на Таравари македонски знамиња

Десница: Прагот од 5% на ДУИ е за обезбедување нејзина вечна власт

Ана Ололовска

Десница: Вклучен алармот за ревидирање и реорганизирање на системот за спас на младите генерации

Катерина Ѓуровски

Десница: Судскиот совет да се самораспушти, а не да бира нов претседател