Десница: Вклучен алармот за ревидирање и реорганизирање на системот за спас на младите генерации

Од:

Белград може да биде Скопје, „Владислав Рибникар“ може да биде секое училиште и во Македонија. Македонија мора да изработи стратегија за семејните вредности да се вратат и бидат најважни, со цел правилен развој на детето, личноста, а преку тоа до напредок во семејството и општеството. Да се почне со системски промени, до Национана стратегија за булинг и Акциски план. Министерството за образование, заедно со другите министерства кои се дел од овој синџир (Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерство за правда и сл.) мора да се реорганизираат и сериозно да превземат активности со кои ќе ја заштитат младината, генерациите кои ги изгубивме некаде меѓу технологијата, ковид пандемијата, војната, економската и политичка криза, од која наместо да излеземе, ние се повеќе ја продлабочуваме велат од Десница.

– Во секое основно училиште да се вработат психолози, социјални работници и на друг начин со поддршка на Комората на психолози, со професори и стручни лица, да изнајдат модел, форма, начин со кои секојдневно ќе се работи и ќе се биде близу децата, учениците.
Но, не само образовниот сектор треба да го носи најголемиот товар. Тука се социјалните служби, психолозите, економскиот и финансискиот сектор (кои преку обезбедување на подобар стандард за граѓаните ќе ги ослободат родителите од секојдневната борба за преживување и трката за пари и ќе им овозможат повеќе квалитетно време со децата). Здравото семејството е најбитната алка во синџирот во креирањето на личноста на детето. Треба да се осигураме таа да остане најјака. Заедно со наставниците и родителите ќе ги лоцираат проблемите на учениците во училиштето и надвор од него и ќе им обезбедат психолошка поддршка и внимание да почувствуваат дека не се сами, дека некој ги цени, разбира и подржува. Дека се потребни и важни за семејството и за општеството. Само со искрен пристап и разговори од страна на сите чинители може да се превенира и да имаме среќни и задоволни деца, ученици. Секогаш да бидат прашани како се, како им минува денот во училиште, надвор, дома? Што го натажува, што го плаши? Ако ги научиме децата да не навредуваат и повредуваат други, нема да има повредени и навредени! Од друга страна, паралелно со превенција од булинг, насилство, депресија кај учениците, да се работи на нивно профилирање, потенцирање на нивните вештини, амбиции и способности, со цел насочување во идно стручно образование и успешна иднина, се наведува во соопштението од Десница.

Би можело да ве интересира

Десница: „Не“ за насилна промена на Уставот

Десница: Заедничките служби на Владата на Македонија да му подарат на Таравари македонски знамиња

Десница: Прагот од 5% на ДУИ е за обезбедување нејзина вечна власт

Ана Ололовска

Десница: Судскиот совет да се самораспушти, а не да бира нов претседател

Десница: Чии се и колку вредат парцелите низ кои ќе поминуваат коридорите 8 и 10?

Ана Ололовска

Десница: Предвремени избори, не партиски комисии без мандат

Ана Ололовска