Вредеше жртвата: Синот на Наке Георгиев кој си поднесе оставка од Судски избран за судија во Основен суд Скопје

Од:

Судскиот совет денеска избра 25 нови судии за повеќе основни судови, како и за Основен кривичен суд – Скопје, а меѓу нив и синот на Наке Георгиев, член на Судскиот совет кој неседнат на фотелјата си поднесе оставка жртвувајќи се за своето дете.

Беа избрани тројца судии во Основниот суд Битола, еден во Основниот суд Свети Николе, еден во Основниот суд Струмица и двајца во Основниот суд Тетово, додека, по огласот објавен во Службен весник бр.112/23 беше избран уште еден судија во Основниот суд Битола, осум во Основниот граѓански суд Скопје, седум во Основниот кривичен суд Скопје и двајца во Основниот суд Струмица.

Помеѓу судиите кои беа избрани во Основниот кривичен суд Скопје беше и судијата Кирил Георгиев, син на членот на Судскиот Совет, Наке Георгиев, кој утрово поднесе оставка од својата функција во Советот поради лични причини.

Георгиев требаше да даде заклетва во Собрание во 9.30 часот часот заедно со колешката Антоанела Димовска, но во последен момент Џафери ја одложи церемонијата за 14 часот.

Причината што свечената изјава беше одложена од 9.30 часот утрово за 14 часот после падне, била што Георгиев сакал да му го изберат синот Кирил Георгиев за судија.

Во ставот 4 од овој закон се вели дека „за судија или судија поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар“.

Но тој се сметаше за веќе избран член на Судскиот совет бидејќи имал решение дека е официјално член на Советот, па морал да поднесе оставка. За тоа и формално е известен Врховниот суд од каде што доаѓа.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството