Костовски: Уставните измени ќе обезбедат дополнителна потврда на македонскиот јазик и идентитет

Од:

Пратеникот од СДСМ Мартин Костовски изрази уверување дека уставните измени ќе обезбедат дополнителна потврда на македонскиот јазик, идентитет, посебност, настани и личности поврзани со македонската историја.

-Како што со европскиот предлог и заклучоците усвоени по него се обезбеди и се заштити македонскиот јазик и идентитет и почеток преговорите со Европската унија, така предлог измените на Уставот ќе обезбедат дополнителна потврда на македонскиот идентитет и забрзан процес на интеграција во Европската унија. ЕУ е нашата единствена алтернатива, токму затоа уставните измени се чекор напред во европскиот пат со што по членството во НАТО ќе ја оствариме и втората стратешка цел а тоа е полноправно членство во ЕУ до 2030 година, рече Костовски.

Оцени дека власта и опозицијата со дискусија и аргументи во наредниот период треба да донесат одлуки за подобра иднина.

Костовски додаде дека овие измени се во духот на Крушевскиот манифест, АСНОМ, Охрискиот договор и се подготвени од група составена од експерти и докажани професори.

-Со внесувањето во Преамбулата на Уставот, бугарската заедница во Македонија ги прифаќа и признава одлуките на АСНОМ за македонската држава, за македонскиот јазик и за македонскиот јазик како темелни принципи врз кои почива современата македонска држава. Оваа шанса што ја имаме пред нас е една и единствена, сметам дека поголемиот дел од пратениците во Собранието ја гледаат европската перспектива како вистинска, најдобра перспектива за државата и граѓаните. Ние многу пати претходно и минатата година кога го почнавме овој процес со нашите сериозни намери кажувавме дека работиме забрзано, но не избрзано, тоа е и денеска така. Затоа не брзавме во сите овие чекори изминатиот период, сите средби, состаноци, пораки ги слушавме многу внимателно, ги имавме и уште ги имаме предвид нашите државни позици, но ги согледувавме геополитичките случувања, носевме и носиме одлуки за сигурна македонска иднина за иднина на сите граѓани овде дома, не во странство, подвлече Костовски.

Пратеникот уверува дека одлуките се со цел овозможување сигурна иднина, а не политички поени

-Овој наш пат трае долго, бевме во многу групи заедно со други земји, подобри од други земји, но поради сите препреки кои ни стоеа на патот, тие земји заминаа пред нас. Денеска слушам загрижувачки изјави дека доколку не ја искористиме оваа можност тоа може пак да ни се случи, уште една земја ќе оди напред, а ние ќе тапкаме во место, а може и уште полошо жќе се вратиме наназад, порача Костовски на Комисијата за уставни прашања.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски