Деветмина повредени во судар на трактор и две возила

Од:

МВР извести дека на регионалниот пат во близина на село Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, „цитроен“ управувано од Г.А.(35) од Струмица и трактор „ИМТ“ управуван од Т.Ш.(74) од Валандово.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на тракторот, додека возачот на возилото „цитроен“ и шест сопатници од истото возило, како и сопатник од тракторот Д.Н.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица и Здравствен дом Валандово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица од Валандово.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски