Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ објави први детали и фотографии од концептот Голф Спортсван.
Станува збор за концепт што го најавува следниот модел на Голф Плус. Концептот е за 134 милиметри подолг во однос на претходниот Голф Плус. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 48 милиметри, а исто така концептот е повисок за 126 и поширок за 8 милиметри со што нуди повеќе простор во внатрешноста.
Багажниот простор изнесува 498 литри што е зголемување од 74 литри во однос на претходникот.
Фолксваген наведува дека концептот е компатибилен со шест различни мотори, а нивната сила се движи од 85 до 150 коњски сили. Најекономичен е 1,6 ТДИ БлуМоушн моторот со 110 коњски сили што троши 3,7 литри на 100 километри и има емисија на штетни гасови од само 95 грама на километар.
Концептот е опремен и со неколку безбедносни и помошни системи, како што е системот за следење на мртов агол и сообраќајот зад автомобилот, прилагодилив круз-контрол, систем за предупредување на излегување од линија на движење, како и системи за итно запирање на возилото.