Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со договорот за жито и деблокирањето на коридорот за жито во Црното Море.
„Ги идентификувавме приоритетите и идните фази за деблокирање и трајна експлоатација на коридорот за жито во Црното Море“, објасни Зеленски во кратка објава на Твитер.
Двајцата разговараа и за одлуките донесени на самитот на НАТО во Вилнус и за идните активности во врска со пристапувањето на Украина во Алијансата.