Министерот Ивановски во Охрид на отворање на Меѓународната конференција „ИКТ иновации 2013“

Од:

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски денеска прусуствуваше на свеченото отворање на 5-та по ред Меѓународна конференција „ИКТ иновации 2013“ што наредните два дена ќе се одржува во Охрид .

Главата тема на научниот собир ќе бидат ИКТ иновациите во образовниот процес, а експертите ќе дискутираат на девет предвидени сесии, шест работилници и една панел дускусија, на кои учество ќе земат и четворица еминентни предавачи од Британија, Шведска и Србија.

– Меѓу другото на оваа конференција ќе се зборува и за отворени податоци, нешто кое шпто Министерството за информатичко општество и јавна администрација се залага веќе неколку години, со цел да му се овозможи на приватниот сектор да ги користи податоците кои ги имаат државните институции, истакна министерот Ивановски нагласувајќи дека преку тој принцип на работа во рамки на економијата на ЕУ на годишно ниво се остварува дополнителна вредност до 60 милијарди евра.

Ивановски изрази очекување дека преку присуството на приватниот сектор на конференцијата во Охрид ќе се забрза начинот на искористуввање на податоците во Македoнија, а за тоа да биде реализирано ресорното министерство изготвува нов Закон за отворени податоци со кој ќе се обврзуваат институциите навремено да ги отворааат сите податоци и истите да бидат достапни до заинтересираните приватни корисници да осмислуваат апликации и да создаваат нов бизнис.

– Преку спроведените инвестиции во образовниот сектор, Македонија веќе е предводник во регионот, но и пошироко, како преку проектот компјутер за секој ученик, така и со лабораториите во училиштата особено во високообразовните институции. Нашите студенти воопшто не заостануваат во примената на високите технологии во нивното образование, нагласи Ивановски.

Во работата на конференцијата ќе учествуваат повеќе од 200 експерти, професори, студенти на универзитети за информатика и компјутерски инженеринг од целиот свет.

Собирот во Охрид се одржува во организација на асоцијацијата ИКТ-АКТ во која членуваат поголем дел од универзитетските професори по информатика и компјутерско инженерство од Македонија, а самата манифестација е поддржана од сите поголеми универзитети земјата и спонзорирана од голем број меѓународни ИКТ компании.

Активностите на конференцијата секоја година се заокружуваат со Зборник на трудови, чиј квалитет е потврден од податокот дека за овогодинешното издание конкурирале 85 трудови на автори од 17 држави. Најдобирите 25 ќе бидат објавени во Зборникот, а заедно со уште 20 научни трудови ќе бидат презентирани на конференцијата во форма на куси трудови и постери.

– Оваа година во изборот на најдобрите трудови учествуваат 222 професори од 50 држави од целиот свет, што ќе бидат публикувани во Зборникот што го објавува „Спрингер“ најпознатиот издавач на академски публикации во Европа, истакна продеканот на ФИНКИ, Владимир Трајковиќ.

Влезот за сите студенти по информатички науки и компјутерско инженерство од Македонија на конференциските сесии и работилници е слободен.

Би можело да ве интересира

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Бронзен медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија

Ана Ололовска

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска