Во завчерашното страшно невреме што го зафати Загреб, жена се заглави во невремето и останала закачена на сообраќаен знак. Во четвртокот, една жена објави видео во групата „Моји Средњаци“ на Фејсбук на кое се гледа пеколот што го преживеала. Таа јавно сакаше да им се заблагодари на случајните минувачи кои ја спасија од невремето. Веројатно и го спасија и животот.
„Утрото потоа…кога веќе има видео снимено од соседот, чувствувам потреба да му се заблагодарам на случаен минувач што се најде таму затоа што не можеше да го продолжи патот поради паднато дрво и ламбата. Му благодарам и на сопруг на нашата прекрасна цвеќарница, да не беа тие, мојот живот денес веројатно би бил значително поинаков од вчерашниот. Тие несебично застанаа покрај мене, скокнаа да помогнат и ме извлекоа од ужасот. Им благодарам уште еднаш од се срце. Ти благодарам непознат човеку. Благодарение на тие двајца луѓе можам да слават нов роденден, бидејќи без нивна помош не би преживеала“, напиша жената.