(ВИДЕО) Вработен во Брза помош украл пари од жена, снимен е со тајна камера поставена во куќата

Од:

Вработен во сараевската Брза помош вчера, додека неговите колеги и помагале на постара жена на која и се слошило, и украл пари од паричникот.

Тој е фатен благодарение на снимката од надзорната камера, за која очигледно не знаел, а која ја објави порталот Кликс.

„Вчера во 19 часот и 30 минути во станот на мајка ми вработен во Брза помош Сараево украл пари. Кражбата се случила додека и помагале бидејќи е болна жена која има 80 години. Ова е срамно“, изјавил за Кликс во телефонски разговор синот на жената.

Тој додаде дека камерата ја поставил за да може да ја следи мајка си бидејќи е тешко болна.

– Се` пријавивме во полиција, а мајката денеска ја сместивме во дом за стари лица, додава тој.

Како што може да се види на снимката, од паричникот и извадил една банкнота, најверојатно во вредност од 20 км, додека на жената и се помагалo.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик

Пукање во Сараево, полицијата во потрага по двете криминални групи

Од ноември нема веќе летови Скопје-Сараево

A1on

Пожар во Сараево, гори минирана површина