Тешка кражба во Скопје: Ограбил маж заканувајќи се со нож, одзел 2.250 денари

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 29-годишник против кого се води постапка за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 и Тешка кражба од член 237 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, на 13 април, заедно во договор со непознато женско лице, со употреба на сила и закана одзеле предмети од еден оштетен. Жената му се доближила на оштетениот пред зградата во која живеел и го прашала дали сака да му го чисти станот. Тој и кажал дека во моментов нема потреба за тоа и тргнал кон станот. Но, во моментот кога влегувал дома, двајцата неповикани влегле по него, при што обвинетиот го турнал оштетениот и со влечење го однел во една од собите. Му се заканил со нож и побарал од него да му ги даде парите. Пребарувајќи низ станот, одзеле паричник со 2.250 денари, два мобилни телефони, рачен часовник и други предмети, во вкупна вредност од околу 21.750 денари.

На 15 април, на улицата „11 Октомври“ во Скопје, обвинетиот на дрзок начин одзел паричник со 2.000 денари од оштетена која во тој момент влегувала во својата зграда.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи таквата мерка се уште е неопходна за непречено водење на кривичната постапка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје