ЛДП: Да се утврди кој е одговорен што воопшто е издадена концесија за рудник, па прашањето по толку години е повторно на маса

Од:

Либерално-демократската партија одлучно стои против отворањето на рудникот Иловица. Тие потсетуваат на правото на безбедна, здрава животна средина и се придружуваат на граѓаните во изразувањето на незадоволство. При носење на одлуки за вакви прашања мора да се земе предвид ставот на регионалното население. Тие сметаат дека ниту еден профит никогаш не може да го оправда компромисот за здравјето на граѓаните.

„Веруваме во отворен, демократски процес. Затоа, повикуваме на транспарентно преиспитување на одлуката за отворање на рудникот. Апелираме овој процес да ги вклучи сите релевантни граѓански здруженија, како и институции засегнати со оваа одлука. Сфаќаме дека ова не е време за расправии меѓу партиите, туку време за акција. Затоа, ги повикуваме сите политички субјекти да им дадат приоритет на потребите на нашите граѓани пред политичките спорови.“ порачуваат од ЛДП.

Воедно бараме фокусот да се стави на преземање одлучни чекори за исправување на ситуацијата ида се преиспита кој е одговорен што воопшто дошло до ваква концесија, па сега повторно се отвара прашањето кое сите верувавме е одамна затворено.

„ЛДП во ова исто така гледа потреба да се рефокусираат колективните напори кон креирање на системски решенија за зачувување на животната средина. Апелираме да се преиспита опфатот на заштитните зони, Кожув да се прогласи за заштитено подрачје, да се направи воздушен катастар, цел државата да има целосна слика.

Ги охрабруваме сите страни да ни се придружат во оваа иницијатива. Веруваме во иднина каде што економскиот просперитет нема да биде по цена на деградација на животната средина.“ додаваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски