Францускиот производител на автомобили Циторен на Саемот во Франкфурт ќе го претстави новиот концепт Кактус Хибрид Ер, што работи комбинирано на компримиран воздух, хидраулика и бензински мотор ПуарТек.
Карактеристичен и функционален дизајн претставуваат испакнатите торби полни со воздух, што се поставени од страните и браниците на возилото, а отпорени се на гребнатини и апсорбираат удари.
Во внатрешноста инструмент таблата е заменета со седум инчен екран, а на средината на контролната табла се наоѓа екран од осум инчи што целосно ги заменува сите командни копчиња.
Автомобилот е опремен со новиот хибриден погонски состав на Цитроен Хибри Ер, што комбинира компримиран воздух, хидрауличен и бензински мотор ПуарТек што обезбедува мала потрошувачка под 3 литри на 100 километри.