Легендарниот Едвин ван дер Сар во петокот беше пуштен од Клиничкиот болнички центар во Сплит, каде што беше на интензивна нега по мозочното крварење кое го доживеа за време на неговиот одмор.
Неговата состојба е стабилна и му е дадена дозвола да отпатува во Холандија на понатамошно лекување и закрепнување.
– Едвин ван дер Сар беше подложен на темелно дијагностички преглед, а сите наоди ги споделувавме со нашите колеги во Загреб и Холандија секој ден и заедно ја координиравме терапијата. Неговата состојба е подобрена, а констатиравме дека може да отпатува во Холандија и таму да го продолжи лекувањето и закрепнувањето – изјави директорот на Клиниката за неврологија, доц. д-р. Крешимир Чаљкушиќ.
Холанѓанецот доживеа крварење на мозокот за време на неговиот одмор на островот Хвар, каде на 7 јули престојуваше со семејството и итно беше префрлен во Сплит, каде што беше на интензивна нега.