Најмалку 21 лице загина, а девет се повредени во третиот ден од обилните дождови што ја зафатија Јужна Кореја.
Десет лица се водат како исчезнати, јавува агенцијата Јонхап. Силниот дожд предизвика лизгање на земјиштето и излевање на браната во северниот дел на земјата, соопштија јужнокорејските власти.
Досега, 1.567 луѓе се евакуирани низ целата земја, соопшти Министерството за полиција и безбедност, но бројот на евакуирани може да се зголеми бидејќи водата го надмина нивото на браната во северната провинција Чунгчеонг, пренесува Ројтерс.