Видеото снимено од патник од Кина на кое се гледа што се случило за време на летот од Шангај до Пекинг минатиот понеделник ги шокираше сите.
Како што се гледа на снимката од летот на Ер Чајна, патниците и екипажот буквално биле „исфрлени“ од нивните седишта за време на турбуленциите што настанале.
Според Дејли Мејл, по инцидентот се повредени најмалку еден патник и еден член на екипажот.
Passenger and flight attendant injured after Air China flight hit severe turbulence between Shanghai and Beijing. pic.twitter.com/AGiZ6mp4lt
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) July 11, 2023
Опишувајќи што се случило, патник на летот рекол дека покривот на авионот пукнал и дека бил активиран знакот за излез.
“Првата половина од летот беше мирна. Одеднаш во последните 30 до 40 минути додека патниците доаѓаа и излегуваа од тоалетот, дојде до колапс”, изјави еден од патниците на платформата Веибо.
„Видов жена на 40-тите години и стјуардеса како ја покрива“, изјави за Глобал Тајмс друг патник на летот, кој е професор по геофизика на универзитет во Кина.
Тој им честиташе на членовите на екипажот бидејќи, како што рече, „и покрај стравот се жртвуваа за да ги заштитат патниците кои не носеа појаси. Потоа со професионалност и смиреност им помогнаа на сите што се здобија со повреди“.