Веќе е познато дека Лионел Меси во иднина ќе го носи дресот на американски Интер Мајами, но сега е откриена не толку убава приказна за позадината на овој трансфер.
По заминувањето од Пари Сен Жермен како слободен играч, Меси пристигна на Флорида каде наскоро и официјално ќе биде претставен како нов играч на Интер Мајами. Настанот е закажан на стадионот ДРВ ПНК во Мајами за недела.
Стадионот ќе биде целосно распродаден, бидејќи навивачите на клубот, но и неутралните се собраа да го видат еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Сепак, не е се така прекрасно во тимот.
Франшизата во сопственост на Дејвид Бекам мораше да испрати фудбалер за да го доведе Меси. На крајот изборот падна на Мексиканецот Родолфо Пизаро, кој веќе три години е член на Интер Мајами.
Договорот на Пизаро и Мајами беше раскинат бидејќи според правилата на МЛС само тројца играчи можат да имаат одредена висока плата. Ова е правилото „Најзначен играч“.
Според правилото, тројца фудбалери можат да имаат плата што ја надминува максималната горна граница. До доаѓањето на Меси тоа беа Пизаро, капитенот Грегора и Леонардо Кампана. Еден од тројцата мораше да го напушти клубот, а изборот падна на Пизаро.