По денешната тепачка меѓу пратениците на Самоопределување и ДПК продолжи работата на Собранието на Косово, пратениците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината ја блокираа собраниската говорница барајќи седницата да биде прекината, пренесува Коха.
Претседателот на Собранието на Косово, Гљаук Коњуфца изјави дека граѓаните на денешната седница на Собранието ќе проценат кој го започнал конфликтот.
Според него, во интерес на сите е да се надмине оваа состојба.
„Да ја продолжиме седницата онаму каде што застанавме. Дури и премиерот Албин Курти имаше волја да се откаже од своето обраќање. Граѓаните чекаат да продолжиме нормално. „Ќе одиме на избори кога сакате“, рече тој.