Исчезна 15 годишно дете од Скопје – родителите молат за информации

Од:

15 годишно дете од населбата Чаир од Скопје е исчезнато и семејството моли за информација и помош од граѓаните преку социјалните мрежи.

Момчето последен пат е видоно во текот на вчерашниот ден попладне. Но од 16 часот му се губи секој траг. Родителите случајот веднаш го пријавиле и во МВР и по момчето се трага.

Апелот за помош во пронаоѓањето го објави и фејсбук страната „Скопје“

„Од вчера, во 16 часот, ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу, има 15 години, носи портокалова маица и црни фармерки! Ве молиме да нè информирате доколку сте го виделе некаде, контакт: 071 289 129“, се вели во објавата.

Случајот за А1он го потврдија и од МВР.

„Ноќва (12.07.2023) во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар Л.Ф.(49) од Скопје  пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син Ф.Ф.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“, велат од МВР

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи