Ѓубрето од скопските општини Аеродром и Кисела Вода што вчера со помош на механизација од други градови беше собрано од овие општини, заврши пред депонијата „Дрисла“.
Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром, Орце Ѓорѓиевски и Тимчо Муцунски, изјавија дека одлуката да се самоорганизираат за собирање на ѓубрето од улиците на овие општини била донесена за да се спасат граѓаните од зараза.
– Бидејќи немаме друга опција, а чекаме повеќе од час и половина, нашите вработени ќе го остават ѓубрето овде пред „Дрисла“ – изјави Ѓоргѓиевски.