Кој протестира: Од една фамилија има над четириесет вработувања во „Комунална хигиена“, од втора фамилија над 30

Од:

Сакам да ви покажам еден документ кој ќе биде доставен до сите медиуми, на кој што можете да видите едно презиме односно една фамилија којашто има вработено во ЈП „Комунална хигиена“ се што му е род до шесто колено, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по вчерашната седница на кризниот штаб.

– Од една фамилија има над четириесет вработувања, од втора фамилија има над 30 вработувања и овие мафијаши повеќе нема да бидат толерирани во градот Скопје. Се надеваме дека институциите ќе продолжат да постапуваат и исто така се надеваме дека на штета на граѓаните повеќе никој нема да дозволи да се случува ова што што се случуваше во изминатите два дена во градот Скопје – рече Арсовска.

Директорката на Комунална хигиена Косана Николиќ Мазнева не им ги продолжи договорите на 33 вработени кои воопшто не оделе на работа во претпријатието по што почнаа протестите на кои се бараа и поголеми плати и се блокираше работата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

Повторно пожар во Дрисла, лоша миризба и ноќеска и утрово во Скопје

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површна е затрупана со песок и земја

Чадењето од депонијата „Дрисла“ e намалено, затрупувањето продолжува утре

Од „Дрисла“ демантираат дека повторно имало горење: Обид за дефокус од скандалот во Трубарево

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје