Рики Валери Кол е новата Мис на Холандија и ќе ја претставува својата земја на 72-от избор за Мис Универзум во Ел Салвадор.
Рики стана и првата трансродова жена која ја носи титулата Мис на Холандија. На светскиот натпревар ќе настапи втората трансродова личност во историјата – прва беше Шпанката Ангела Понсе, која се натпреваруваше во 2018 година.