(ВИДЕО) Протести во Подгорци поради крадење на дрва

Од:

Група граѓани од струшкто село Подгорци денес излегоа на мирен протест со цел како што велат да го искажат своето незадоволство од масовната кражба на дрва за огрев која се случува во околината на нивното село.

Патот кој што води кон месноста викана Подгоречките бачила кој е најмногу оштетен беше блокиран, па камионите не беа во можност да се движат во тој правец.

Жителите велат дека во изминатиот период поединци на диво сечеле дрва од околната шума и потоа истите ги продавале.Протестот помина мирен без никакви инциденти, а на лице место бил и Директорот на Шумското претпријатие „Јабланица“, преставниви на Шумската полиција и инспектори од Општина Струга и Полиција.

Жителите бараат надлежните институции да стават крај со хаосот и бесправната сеча на дрва во околината на струшко.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Починато бебе однесено во струшката болница