Максим Димитриевски повикан во полиција: Испрашуван за хонорари на вработени во општината

Од:

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, по анонимна пријава бил повикан на разговор во СВР Куманово за наводен предмет за исплати и недоместоци на лица вработени во општината.

– Сакам да ве информирам дека денеска со покана бев повикан во СВР Куманово на разговор во врска со предмет за исплати и надоместоци на лица вработени во општина Куманово. СВР Куманово постапува по анонимна пријава, во континуитет се случува истиот притисок на работењето на општина Куманово и на мене како градоначалник.

Според наводите во пријавата, иако покрај тоа што од страна на вработените во Општина Куманово е постапувано согласно законот, плати се исплаќаат со децении во општината и методологијата на пресметка е иста. Општината има потпишано и колективен договор за своите вработени, но, сепак дадов свој исказ. Дополнително, по барање на лицата коишто ја водат постапката ќе добијат дополнителни информации. Ова го ценам како еден класичен пример на злоупотреба од страна на поединци коишто менаџираат со овој ресор во партиско политички цели на институциите –истакна Димитриевски.

Тој напомена дека од страна на надлежните институции на сите нивни поднесени барања како општина и тој како градоначалник за постапување против Н.Н. лица кои лажно ги постапуваат сите овие пријави нема отворено ниту една постапка.

– Еве по допрен глас барам од обвинителството да постапи и да отвори предмет, да ги откриеме кои се лицата што ги пишуваат ваквите анонимни пријави, а од друга страна сметам дека постојат големи можности да се работи за чисти монтирани процеси коишто ќе не дефокусираат од секојдневните наши активности, потенцира Димитриевски.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развој на домашното стопанство

Октоберфест е затворен од полицијата

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

Во Куманово СДСМ на конвенција презентиран кандидатот за градоначалник, Мартин Костовски и советничката листа

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Горан Наумовски