Жителите на Слупчане отвориле трансформатор за да се приклучат на диво: Три села во Липковско поради нив се без струја

Од:

Жителите на липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска се без електрична енергија, поради дефект, кој го предизвикале жители на Слупчане кои насилно и противзаконски влегле во трансформатор, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето.

Од ЕВН утрово информираа дека доцна синоќа, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем трансформатор во припадност на Електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

– По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици. Село Оризаре, Ваксинце и
Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане, велат од ЕВН.

Електродистрибуција во соопштението укажува дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

– Екипите на електродистрибуција не може да го санираат дефектот сè додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат. Кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти, велат од ЕВН.

Вчера жителите на Слупчане со запалени гуми го блокираа влезот на селото и не дозволија екипи на ЕВН да извршат интервенции.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите