Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Од:

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски бара од Владата јавно го објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок, за земјоделска површина, производство на годишно ниво и колку субвенција му била исплатена од државата.

Во денешното соопштение до медиумите Димитриевски вели дека деновиве земјоделците му испратиле барања, како што наведува, во нивно име да постави неколку прашања до Владата.

– Дали е вистина дека во моментов реалната откупна цена на пченицата е 9,00 денари по килограм, а Министерството за земјоделие ги задолжува концесионерите со обврска за концесија во износ од 17,81 денар по килограм? Доколку е точно како земјоделецот да живее, а камоли да заработи?, прашува Димитриевски.

Поради тоа што секојдневно се слуша како се делат милионски суми за субвенции во земјоделието, како што наведува Димитриевски, упатува барање до Владата јавно да го објави списокот на сите земјоделски концесионери со детална информација кој колку плаќа концесиски надомест за колкава земјоделска површина, колкаво производство има пријавено на годишно ниво и колку субвенција му била исплатена од државата.

– Дали е вистина дека поединечни фирми добиваат милионски суми во евра по основ на концесија додека реалниот земјоделец само за да преживее? До кога државата ќе биде за едни мајка, а за други маќеа?, прашува Димитриевски.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развој на домашното стопанство

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Горан Наумовски

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во коешто покрај локалната ќе се развива и регионалната економија

Димитриевски: Убеден сум дека ЗНАМ ќе победи уште во првиот круг на овие избори

Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Хуманитарно здружение “Мајка”