На Флорида е снимен моментот кога ајкула во плиткото кружи околу капачите кои панично бегаат од водата, а оние кои не ја забележаа огромниата ѕверка од плажата им довикуваат брзо да излезат.
Американските медиуми јавуваат дека видеото е снимено на 3 јули од посетител на плажата во гратчето Навара Бич.
На снимката се гледа како ајкулата полека плива во близина на преполната плажа, по што се слушаат извици за капачите веднаш да излезат на брегот.
„Излези од водата! викна еден од посетителите на плажа.
Иако повеќето пливачи сфатија што се случува, некои сè уште не беа свесни за присуството на ајкулата.
„Сè уште има некој таму“, се слуша како вели една жена додека грбната перка на ајкулата ја сече површината на водата во плиткото.
Телевизиската станица WPEC (CBS12), локалната филијала на CBS во Палм Бич, објави дека не е познато што се случило со ајкулата или со капачите.