Медведев: Нуклеарната апокалипса не само што е можна, туку и веројатна

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предупреди дека конфликтот на Москва со Западот ќе трае со децении, додека конфликтот со Украина може да стане постојан. Медведев, кој некогаш на Запад се сметаше за либерален модернизатор, е еден од најистакнатите руски јастреби откако Москва ја започна својата инвазија на Украина минатата година.

Тој сега е заменик-шеф на Советот за безбедност на Русија, а неговите ставови одразуваат дел од размислувањата на највисоко ниво во Кремљ, според руските власти. Во написот за владиниот весник „Руска газета“, тој напиша дека тензиите меѓу Русија и Западот биле „многу полоши“ отколку за време на кубанската ракетна криза во 1962 година, кога светот беше на работ на нуклеарна војна.

Нуклеарната војна беше „сосема веројатна“, но мала е веројатноста да има победник, напиша Медведев, кој постојано повторува дека поддршката на Западот за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт. Тој посочи дека има остри разлики во однос на Украина, насоката на човештвото и начинот на кој е структуриран светскиот поредок.

„Постои едно нешто што политичарите од сите слоеви не сакаат да го признаат: таквата апокалипса не само што е можна, туку и многу веројатна“, напиша Медведев. Западните аналитичари го гледаат „нуклеарното штракање“ на Медведев како тактика со цел да го заплаши Западот да ја намали воената помош за Украина за Киев да може да започне мировни преговори со Москва.

Медведев истакнува дека Москва останува посветена на запирање на Украина да влезе во НАТО. „Нашата цел е едноставна – да ја елиминираме заканата од членството на Украина во НАТО. Ќе го постигнеме тоа – на овој или оној начин“, рече тој.

Со оглед на правилото на НАТО да не се примаат земји вклучени во територијални конфликти, Медведев тврди дека конфликтот со Украина може да стане „траен“ со оглед на неговата егзистенцијална природа за Москва.

Единствениот начин за деескалација на тензиите меѓу Русија и Западот е да се започнат тешки преговори, напиша Медведев. Конфликтот ќе биде многу долг и предоцна е да се скротат непослушните“, напиша Медведев. „Конфликтот ќе трае со децении“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски