Општина Аеродром: Реализација на нови капитални инвестиции, продолжува реконструкцијата на улиците во Лисиче

Од:

Советот на Општина Аеродром неодамна донесе одлука со која од буџетот на општината беа обезбедени средства за реализација на неколку капитални проекти во Општина Аеродром. Жителите на Лисиче кои живеат на потегот од „Тодор Чангов“ до „Ѓорѓи Капчев“ добиваат уште една обновена улица и со тоа продолжува најавениот инвестицискиот циклус за обнова и реконструкција на неколку сообраќајници во овој дел велат од Општина Аеродром.

– Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна потенцираше дека проектот е реализација на уште ветување дадено пред граѓаните, финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром и опфаќа целосна реконструкција, односно поставување нов асфалт на улиците „Тодор Чангов 52“и „Ѓорѓи Капчев 35“.

Со инвестициите во новата инфраструктура тука, но и на другите локации Општина Аеродром обезбедува непречено и безбедно одвивање на локалниот сообраќај, го поттикнува економскиот развој и создава услови за поквалитетен живот во Аеродром. „Благодарност до претседателот и членовите на советот на Аеродром што даваат поддршка на нашата решеност и визија да обезбедиме континуитет во реализацијата на инфраструктурните проекти. На тој начин и со заеднички сили успеваме ова лето да реализираме голем број проекти на неколку локации во општината“, пишува Муцунски во објавата.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема индивидуални исклучоци, разговараме за полесен влез во ЕУ

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Муцунски за „Евроњуз“: Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества

Катерина Ѓуровски

Муцунски со честитки до Петер Маѓар – очекува продолжување на соработката меѓу двете земји

А1он