Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром

Од:

Од денеска до 7 јули заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром, односно во реоните на Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

Од ЈП Лајка иформираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од овие населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, може да се јават на телефонските броеви 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на [email protected].

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Оставајте садови со вода за бездомните животни и птиците апелира „Лајка“

Законот што треба да го реши проблемот со бездомните кучиња четири години е заглавен, општините речиси и не плаќаат за „Лајка“

Катерина Ѓуровски

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром