ВМРО-ДПМНЕ: Скандал за Кланот Зајас – Фондот за иновации предводен од кадар на ДУИ му доделувал пари на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети

Од:

Скандалите поврзани со кланот Зајас немаат крај. Внукот на Али Ахмети, младиот Дрин Ахмети со „претприемачки дух“, добивал и државни пари од Фондот за иновации,соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен концесија за каменолом, концесија за хидроцентрала, трговски центар без потрошен денар, внукот на Али Ахмети се пробал и како иноватор. Од фондот за иновации добил 82 илјади евра. Имено 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети, „Тор индустрис“ и „Еверест ЏД“ добиле државни пари за кофинансирање на иновации. Патем Фондот за иновации од јануари 2022 година го води кадарот на ДУИ, Фестим Халили, кој според фотографиите кои излегоа во медиумите важи за близок пријател со семејството на Дрин Ахмети.

И од толку многу млади и иновативни луѓе во Македонија, токму на внукот на Али Ахмети му биле доделени пари од страна на институцијата водена кадарот на Али Ахмети. За ова мора да реагираат надлежните институции. За ова мора да има и одговорност. Ковачевски молчи и бега од одговори, затоа што не смее да им писне на газдите од Зајас и Мала Речица. Но колку тој бега од одговори толку побрзо и него и неговите газди ќе ги стаса казната од народот, а потоа ќе следи одговорност за секој проневерен денар од народните пари и за секој криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Обвинителството да не молчи, експедитивно да реагира за Дрин Ахмети

Имотот на Јанушев СДСМ го поврзува со кинеските автобуси: За седум години сигурно ќе го затворевте ако имаше криминал одговори ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“

Предраг Петровиќ

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Европски сојуз за промена: Законот не важи подеднакво за членовите на семејството на Али Ахмети

Обвинителството ќе вештачи, па ќе одлучува за пиротехничките средства пронајдени во возилото на внукот на Ахмети

Предраг Петровиќ