Наскоро стартува изградбата на нов трговско-деловен објект во Прилеп

Од:

Со потпишувањето на договорот компанијата „Кам-фуд“ официјално, покрај Општина Прилеп и ЈП „Пазари“, стана сопственик на градежното земјиште на локацијата од досегашниот Млечен пазар во строгиот центар на Прилеп.

Новиот трговски-деловен центар ќе се простира на површина од 5000 м2, а во него треба да биде сместен и подземен паркинг-простор. Инвестицијата вредна четири милиони долари ќе започне да се реализира наскоро.

Според договорот крајниот рок за изградба на трговскиот центар е шест години, но од компанијата посочуваат дека инвестицијата ќе ја реализираат во најкраток можен рок.  Овој безистен ќе биде втор модерен трговско- деловен објект во строгиот центар на градот во близина на Градскиот пазар, покрај трговскиот објект во комбинација со катна гаража, кој моментално е во фаза на градба.

Напоредно со ова Ј.П. „Пазари“ ќе започне со допокривање и доосветлување на пазарот и изградба на нов современ млечен пазар.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски