Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, планирал да уапси двајца највисоки руски воени функционери кога го започнал бунтот, објави „Волстрит журнал“.
Според извештаите, заговорот на Пригожин вклучувал апсење на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за време на нивната посета на пограничната област, јавува Си-Ен-Ен.
Се додава дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) дознала за заговорот два дена пред таа да се случи, принудувајќи го Пригожин во последен момент да ги промени своите планови и наместо тоа да маршира кон Москва.