Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека нема да прима банките да депонираат како гаранции грчки државни обврзници, додека не биде претставен извештајот на „тројката“ меѓународни инспектори за напредокот на земјата во реформите.
Грчките банки ќе можат да добиваат неопходна ликвидност од својата централна банка „врз основа на постоечките одредби во евросистемот“, се наведува во соопштението на ЕЦБ.
Акциите во Европа го продолжуваат својот опаѓачки тренд, достигнувајќи нов минимум во денешните тргувања, по соопштенитео на ЕЦБ дека ќе престане да прима грчки обврзници како гаранција, што ја зголемува загриженоста на инвеститорите за должничката криза во еврозоната.
Европскиот индекс ФТСЕурофирст 300, кој ги вклучува акциите на водечките компании, опадна за 1,1 проценти на 1053,01 индексни поени, а еврото продолжи да губи од вредноста во однос на доларот.