По 1 јули во маркетите само биоразградливи кеси

Од:

Одлуката за целосна забрана за пуштањето на пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјава ќе стапи во сила на 1 јули 2024 година, а не на 1 јули годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

-Согласно Правилникот за изменување на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција, направена е измена во членот 6 во ставот 1, и зборовите „1 јуни 2023 година“ се заменуваат со зборовите „1 јуни 2024 година“. Од тука забрана за употреба на кеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани со овој правилник целосно ќе биде имплементирана од 1 јуни 2024 година, посочуваат од МЖСПП.

Поголем дел од медиумите денеска информираа дека од 1 јули годинава ќе биде целосно забранета употребата на пластични кеси во маркетите кои се продаваат за 15 денари, а ќе можат да се користат само биоразградливи кеси.

Би можело да ве интересира

Нуредини: Употребата на кеси за носење стоки драстично е намалена

А1он

Министерство за животна средина: Неосновани поплаките на производители на кеси, даден е период за пренасочување на производството

Ана Ололовска

ССК: Наместо да се одредуваат високи цени за кесата, да се врши нивна селекција и рециклирање

Ана Ололовска

Нема веќе бесплатни пластични кеси

Катерина Ѓуровски

Владата со потсетување: Пластичните ќеси од утре ќе чинат 15 денари

А1он

Од среда биоразградливите кеси ќе чинат 15 денари

А1он