Филипинските владини сили водат борби на два фронта против муслиманските бунтовници, кои денеска нападнаа уште еден град во јужниот дел на земјата, каде како заложници држат голем број локални жители.
Бунтовниците утринава ги нападнаа населбите околу градот Ламитан, населени главно со христијани. При судиирте пет лица се водат како исчезнати, а двајца се ранети.
Властите соопштија дека нападот бил одбиен и дека се следи движењето на бунтовничките сили во реонот.
Ламитан се наоѓа во близина на градот Замбоанга, кого бунтовниците од Националниот фронт за ослободување на Моро го нападнаа во понеделникот и каде како заложници држат над 100 лица, откако владините сили ги спречија во нивниот обид за истакнување на бунтовничкото знаме на зградата на локалната самоуправа.
Кризата буквално го парализира Замбоанга, каде во прекин се речиси целиот воздушен и поморски сообраќај.
Реоните во близина на судирите личат на воени зони, а речиси 15.000 жители ги напуштиле своите домови заради борбите.