Семејна трагедија во Србија: Скокна во езеро за да го спаси братот, па заедно се удавија

Од:

Телата на момчето и девојчето, кои вчера исчезнаа во атар на селото Ресинац близу Прокупље (Србија), се извлечени од мало езеро откако нивото на водата е намалено со испумпување.

Момчето и девојчето исчезнаа вчера во дупките кои се создадени со ископување на земјата за фабрика за тули, а кои беа исполнети од последните обилни дождови. Тие езера последниве денови се место каде се освежуваа и капеа и младите и старите од околните села.

На тоа градилиште немало постојано обезбедување или чувари, но цело време имало работници од фабрика за тули, кои не успеале да влијаат на капачите и излетниците. Засега се знае дека девојчето скокнало во водата за да го спаси својот брат, но и двајцата се удавија.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија