Во судар на две возила и моторцикл: Загина моторциклист во Кавадарци

Од:

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина во Кавадарци. Информацијата ја потврдија од МВР за МИА.

– Утрово во 1.33 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Шишка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди“ управувано од М.Н.(33) од Кавадарци, возило „тојота“ управувано од Д.Г.(18) од Кавадарци и моторцикл „априлија“ управуван од С.П.(20) од Кавадарци. Во несреќата моторциклистот С.П. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци каде што во 2.20 часот починал – појаснија од МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

25-годишен маж загина во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Хрватска, загинаа четири лица

Возач во Москва удри во група пешаци, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Автомобил излета од пат близу Прилеп, повредени се двајца малолетници

Тројца од повредените кај Белградскиот саем се во животна опасност