Левица со Предлог-резолуција: Реципрочно до С.Р. Германија како благодарност за „признавањето“ на македонскиот јазик

Од:

Денес, пратениците на Левица, во Собранието на Република Македонија поднесоа Предлог- резолуција за продолжување на евроинтеграциските процеси и за признавање и афирмација на јазикот, културата и суверенитетот на СР Германија, се вели во соопштенито на партијата.

Оваа Резолуција се предлага на Собранието на РМ како резултат на Резолуцијата на германскиот Бундестаг (јуни 2023), со цел да се укаже на реалната состојба, проблемите и мерките што треба да се преземат по однос на интеграциската политика кон Европската унија од страна на македонската Влада, како и официјално да ги признае германскиот јазик и идентитет како и суверенитетот – со што ќе се заблагодари и реципрочно ќе возврати на Сојузна Република Германија за „признавањето“ на македонскиот јазик и идентитет, без споменување на зборот Македонци во нормативниот текстот на самата Резолуција, донесена неодамна од страна на германскиот Бундестаг.

Резолуцијата содржи конкретни барања од Владата на Република Македонија кои се во насока на продолжување на евроинтеграциските процеси врз основа на почитување и уважување на македонскиот народ. Со резолуцијата се бара Владата:

Да одолее на притисоците, уцените и неправичните услови за отпочнување на преговорите со Европската унија и да отпочне радикални реформи кои ќе го прекинат процесот на етно-трибалистичките поделби и дезинтеграција на државата, усогласувајќи ја малцинската политика согласно европската пракса;

Да побара одвојување, односно посебни билатерални преговори исклучиво со институциите на Унијата и ја повика Бугарија (и ЕУ) да го поддржи патот на Македонија кон ЕУ во рамките на Копенхашките критериуми;

Да започне со засилени реформи во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и зајакнувањето на владеењето на правото, и преку личен пример, со процесуирање на криминалците од сопствените редови како и проширување на соработка меѓу Европското јавно обвинителство;

Итно и неодложно да ги спроведе промените во изборното законодавство заради воведување на една изборна единица;

Oсобенo да се посвети на заштита на лицата со попреченост и воведување на регулатива која ќе овозможи остварување на правото на живот и лекување на луѓето со ретки болести, како и водење социјална политика која ќе ги подобри условите на социјално ранливите катерии и на луѓето кои живеат на работ од сиромаштија, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Училиштата да обезбедат систематски и ефективни обуки за самозаштита на учениците

Мојсоска: Фрчат тендери за сирења, а фамилиите молат за помош – тоа ли е владиното „Кочани наш приоритет”?

Левица: Елитните единици при МВР бараат подобрување на статусот кој во континуитет се деградира

(ВИДЕО) Крмов: Пропадна и вториот обид на Левица за надзорна расправа за трагедијата во Кочани – власта гласаше против

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани