Премиерот на Израел изјави дека Украина нема да добие израелско оружје

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахи и покрај повиците од Украина, останува на ставот дека нема да дава израелско оружје за конфиктот со Русија.

Пред се, имаме блиска воена граница со Русија. Нашите пилоти летаат веднаш до руските пилоти над небото на Сирија. И мислам дека е важно да ја задржиме нашата слобода на дејствување против обидите на Иран да се воспостави воено на нашата северна граница. Второ, ние исто така имаме загриженост дека сите системи што и ги даваме на Украина ќе бидат искористени против нас, бидејќи тие би можеле да паднат во ирански раце и да бидат искористени против нас. И патем, тоа не е теоретска можност.

Тоа е всушност она што се случи со западното противтенковско оружје што сега го наоѓаме на нашите граници. Значи, тука мора да бидеме многу внимателни“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин