Американската крајбрежна стража објави дека роботската далечинско управувана подморница (ROV) пронашла остатоци на дното на Атлантскиот Океан.
NEW THIS MORNING: Remotely operated vehicle (ROV) deployed by the Canadian vessel Horizon Arctic has now reached the sea floor – beginning its search for the missing submersible, per ABC News. https://t.co/DZ5ixkVMhq pic.twitter.com/LIuHUQ51Wc
— Steve McCarron KOMO (@SteveTVNews) June 22, 2023
ROV пронајде „поле со отпад“ недалеку од потонатиот брод Титаник.
Специјалисти во заедничката команда во моментов ги оценуваат новите информации.
Во потрагата по исчезнатата подморница „Титан“ денеска се вклучи и роботска подморница (ROV) управувана од далечина, испорачана од канадскиот брод „Horizon Arctic“.
Малата туристичка подморница „Титан“ го испратила последниот сигнал до матичниот брод во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето.
Во него се вклучени британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело и Стоктон Раш, извршен директор на „Oceangate Expedition“, компанијата што ја организираше оваа турнеја.