Швајцарскиот суд денеска ослободи шестмина полицајци од обвинението за вмешаност во смртта на мажот кој доживеа фатален срцев удар откако беше држен на улица за време на апсењето.
Судијата го опиша случајот како трагичен, но рече дека морал да ги ослободи полицајците врз основа на доказите, објави Ројтерс.
Поддржувачите на семејството на жртвата и негови роднини ја напуштија судницата додека се читаше пресудата, извикувајќи „срам“ и „скандал“.