ФОТО: По 58 години, конечно услови за подобра средина и меѓуетничка интеграција

Од:

По цели 58 години конечно, учениците во основното училиште „Димитар Миладинов“во Скопје, ќе учат во подрави услови. По 58 години сменети се подовите во соработка на општина Центар со УСАИД.

Вкупно се обновени подовите во 21 училилница.Со ова , 700-те ученици веќе имаат здрава и пријатна работна средина за стекнување на нови знаења.

Вкупната вредност на проектот е 1.340,000 денари од кои најголем дел се донација на ИСАИД, а општинскиот буџет учествува со 10% средства.

Проектот е подфинансиран од страна на Европската команда на американската војска (EUCOM) и УСАИД со цел за создавање подобра средина за учење за меѓуетничка интеграција во образованието.

Стивен Креј, Генерал Мајор од Националната Гарда на Вермонт, Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Д. Волерс, Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар, Спиро Ристовски, Министерот за Образование и Наука и Маја Ангелова, директор на училиштето, ќе присуствуваат на настанот и ќе одржат говор.

Проектот на УСАИД за Меѓуетничка Интеграција во Образованието (ПМИО) е четири годишна инцијатива која ќе соработува со сите релевантни образовни институции поддржувајќи ги напорите на Владата на Република на Македонија во процесот на етничко интегрирање. Проектот има за цел да обезбеди повисоко ниво на свеста кај луѓето, обуки за разновидност, техничка помош и стимул за училишните одбори, директори, наставници и преставници на администрацијата.

Настанот ќе започне во 9 часот на 13.09.2013 во ОУ Димитар Миладинов.

Еве како изгледаа училниците пред и по реконструкцијата.Dimitar Miladinov pred 4 Dimitar Miladinov pred 3 Dimitar Miladinov pred 2 Dimitar Miladinov pred 1 Dimitar Miladinov potoa 3 Dimitar Miladinov potoa 4 Dimitar Miladinov potoa 2 Dimitar Miladinov potoa 1

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски