Немало грешки во лекувањето на малата Јана – Нема кривично дело за смртта, пресече Обвинителството

Од:

Основното јавно обвинителство Битола до семејството на починатата го достави интегрално извештајот од Институтот за судска медицина во кој експлицитно е наведено дека во постапувањето на медицинскиот персонал која го лекувал девојчето на 22.03.2023 година не се содржани елементи на кривичното дело .

Пневмонија по прележан ковид-19 предизвикала воспаление на срцевиот мускул од што потоа настанал инфаркт кај 5-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, стои во извештајот на Судска медицина доставен до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола како причина за смртта на девојчето. Не е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето.

Јана почина на 22 март во Битолската болница откако претходно ѝ беше ставена инфузија, па родителите обвинија дека по ваквиот лекарски третман ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици и сметаа дека се работи за лекарска грешка.

Во предметот во обвинителството се истражуваше дали има елементи за кривичните дела – Несовесно лекување болни  од член 207 од КЗ или некое друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Во одлуката од обвинителството стои дека согласно вештиот наод, утврдено е дека постапките на сите здравствени работници кои биле вклучени во лекувањето биле во согласност со сите правила и начела на медицината.

„Имајќи го предвид ваквото вештачење кое беше засновано на целокупната медицинска документација, здравствената историја на починатата и наодот од обдукција, како и исказите на испитаните здравствени работници и на родителите, обвинителството достави известување до семејството дека во конкретниот случај нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.“ велат од јавното обвинителство за А1он.

Адвокатот на семејството Христовски, Јанаки Митровски, побарал од Основното јавно обвинителство во Битола да се заплени и вештачи компјутерот во Детското одделение во болницата каде биле внесени податоци при лекувањето на Јана, а најавено е дека е можно да се бара и странска експертиза.

Од Обвинителството велат дека основното јавно обвинителство Битола останува отворено да ги разгледа сите евентуални иницијативи за дополнителни проверки кои ги најавуваат застапниците на оштетеното семејство, иако до овој момент такви иницијативи не се пристигнати во надлежното обвинителство.

Исто така, материјалите врз основа на кои се вршеа сите вештачења се наоѓаат во обвинителскиот предмет и ќе им бидат достапни на оштетените со цел доколку имаат потреба да извршат и независна експертиза.

Би можело да ве интересира

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Телото на убиената на обдукција. ќе се вештачат траги и докази – Обвинителство за случајот во Битола

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства и два обиди за убиство

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Обвинителството не нашло докази за криминал во набавките на мазут за ТЕЦ Неготино

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он